(ВИДЕО) Страотен судир на македонски автобус со два камиони во Италија

На автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија денеска се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од земјава.

Во несреќата возачот на автобусот Р. И. (1965 година) на лице место починал, додека полесно повредени се 12 патници, сите македонски државјани кои се пренесени во болница, пишуваат италијанските медиуми.