Видео: Спикерот Здравковиќ, пред 42 години, соопштува за смртта на Другарот Тито

На денешен ден пред 42 години почина доживотниот претседател на СФРЈ и Сојузот на комунистите на Југославија, Јосип Броз Тито. Почина во 15.05 часот во Клиничкиот центар во Љубљана, три дена пред неговиот 88. роденден.

Југоносталгичарите и ден денес сметаат дека тоа бил денот кога плачеше цела Југославија и сите се прашуваа што ќе биде со нас.

Веста за смртта на Маршалот ја соопштил телевизискиот спикер Миоград Здравковиќ.

Многумина до ден денес раскажуваат дека токму нему од телевизија само му кажале да го облече црниот костум и тој веќе знаел што се случило.

Сепак, имал трема и одвај се прибрал за да излезе пред камерата и да го прочита соопштението на ЦК на СКЈ што ја расплака целата земја. 

„Умре другарот Тито… Тоа вечерва го соопштија Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија и претседателството на Социјалистичката Федеративна Република Југославија на работничката класа, работниците и граѓаните, народите и народностите на Социјалистичка Федеративна Република Југославија… Наскоро ќе емитуваме извештај од седницата на претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија“, изговори Здравковиќ нешто подоцна  по 19 часот, на 4.мај 1980 година. 

Ова е видеото од веста која ја соопштува новинарот: