„Тито од Срби ве направи антички Македонци“, провокација од српски јутјубер

Српскиот јутјубер Александар Трифуновиќ, кој е познат под името „quartz313“ испрати провокација од македонско-српската граница.

Трифуновиќ го сликаше македонското знаме и напиша „Стара Србија“, а тоа предизвика револт кај македонската публика, но тука не престанаа провокациите.

Јутјуберот објави нова фотографија на Инстаграм, каде што вели дека „Македонците направиле трансфер од Срби во антички Македонци под покровителство на Тито“.