На 29 Ноември во далечната 1943 година на второто заседание на АВНОЈ беа поставени темелите на новата држава Југославија, за да на истиот тој ден во 1946 година во Белград се прогласи за ФНРЈ (Федеративна Народна Република Југославија).
Старите скопјани и југоносталгичарите, се посебни емоции, се сеќаваат на овој датум.
-"Денес кога станувам пионер" ….. се ореше гласот на илјадници млади и детски насмевки, дечиња облечени во бели иштиркани кошули, заврзани околу вратот со црвени шамии и плави “титовки“ на глава во училиштата и домовите на ЈНА ја даваа свечената заклетва дека ќе го следат патот на Другарот Тито и ќе бидат поштени, искрени, верни пионери кон државата наречена Југославија… се сеќава еден повозрасен скопјанец.
Почит за денот со сеќавање одадоа и од твитер заедницата:
Некогаш во моето пошироко семејство ова беше најголемиот празник. И покрај тоа што Југославија ја нема, Македонија треба да го слави денов затоа што тогаш првпат добила држава (претходно била само територија во рамките на други држави). Фалиш многу, земјо мила pic.twitter.com/EtI0xrP3mp
— KatttP. (@KatttP) November 29, 2022
Честит денот на Републиката!
Посветено на сите борци знајни и незнајни кои се бореа против фашизмот и со идеа за рамноправност, братство и единство, слобода, социјална правда. СФ -СН! pic.twitter.com/58tC6LZ3fb— Зоран Кардула (@ZKardula) November 29, 2022
Мене малку ми е криво што го изгубивме чувството на колективна гордост на кое нѐ научи бившата држава. Ќе ни користеше во новава.
— Marija Danilovska (@MarijaDanilovs1) November 29, 2022