Од вчера во продажба се единечните влезници за натпреварот од Лига Европа помеѓу Вардар и Реал Сосиедад, ќе се продаваат по иста цена како и за мечот против Зенит.
Вардар го пречекува Реал Сосиедад на 19.10 со почеток од 19 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Влезници ќе се продаваат по цена од 600, 900 и 1.200 денари.
Исто така уште од сега ќе можат да се купат и влезници за домашниот натпревар против Розенборгкој ќе се игра на 7. декември.
Во тек е и замената на ваучерите за блок влезници со електронски картички со кои ќе се влегува на следните два натпревари. Замената се врши на билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје секој ден од 10 до 18 часот. Замената ќе се врши до недела (01.10). Потоа нема влегување на натпреварите со електронски ваучери.