Ван Хоол вработува: Отворени позиции во фабриката во ТИРЗ Скопје

Ван Хоол Македонија, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851, има потреба од нови вработувања за извршување на работни задачи на работното место

ИНЖЕНЕРИ ЗА ДИЗАЈН И КОНСТРУКЦИЈА
ID 2017

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
Изработка на 3D модели;
Изработка и работа со склопови;
Изработка на работилнички цртежи;
Анализа на зададени проблеми и изготвување на предлог решенија по однос на истите;

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
ВСС – факултет од областа на техничките науки, пожелно Машински факултет;
Солидно познавање на CAD софтверски алатки. Предност ќе имаат апликантите со искуство во работа со PRO ENGINEER или CREO;
Познавање на работа со пресметка по метод на конечни елементи (FEA);
Солидно познавање на англискиот јазик (чита, пишува, говори);
Напредно познавање на MS Office;

Краен рок за доставување на апликациите: 31/01/2017

Аплицирајте тука.

ТЕХНИЧАР ЗА КВАЛИТЕТ
ID број: 1017

Одговорности и задачи:
Влезна инспекција;
Финална проверка на производот;
Надгледување на примената на системот за квалитет во сите фази од производството, преку проверки и ревизии;
Предлагање на корективни и превентивни мерки произлезени од процесни ревизии;
Проверка на контролните книги;
Тест возење на автобуси и прибележување на неусогласеностите кои произлегле од истиот;

Потребни квалификации:
ВСС – Машински Инженер;
Претходно искуство со системи за квалитет (ISO) ќе се смета за предност;
Пожелно претходно работно искуство во авто-индустрија;
Искуство со заварени конструкции;
Напредно познавање на Microsoft Office;
Течно зборување и пишување на Англиски и Македонски јазик;
Поседување на возачка дозола од Ц и/или Д – категориите

Краен рок за доставување на апликациите: 23/01/2017

Аплицирајте тука.