Отворени работни позиции во НЛБ Банка, EВН, Неуромедика и Џевахир

Оглас за вработување во НЛБ Банка

НЛБ Банка вработува „Развоен проектант” во Сектор за информатичка технологија

Ве поттикнуваме да бидете дел од нашата Банка и нашиот тим на успешни професионалци, посветени на барањата на клиенти, успехот, иновациите и предизвиците во работата, каде што меѓусебната доверба, соработка и почит мегу членовите на тимот и соработниците се основни начела и вредности на нашето работење/делување.

Доколку ги споделувате/се препознавате во овие вредности ви нудиме работа во динамично опкружување со бројни можности за обука и професионален развој во нашиот Сектор за информатичка технологија на позицијата: „Развоен проектант“.

Работната позиција ви нуди можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија, давате предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата.

Во продолжение е описот на работното место, за кое покрај техничките вештини потребни се и основни „софт“ вештини за комуникација со интерни деловни корисници:

Опис на работното место:
Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на апликациите;
Менторство, советување и поддршка на корисници при развој и употреба на програмски решенија на компјутерските системи;
Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија;
Менторство и пренос на знаења;
Учество во проектни групи.

Потребни минимум квалификации, вештини и способности:
Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
Современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
Познавање на системи за управување со бази на податоци;
Аналитичиност, конструктивност и истрајност во изнаоѓање на решенија;
Способност за тимска работа и самоиницијативност;
Способност за одлучување;
Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

Заинтересираните своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк заклучно со 16 јануари 2017 година со избирање „Развоен проектант во Сектор за ИТ“ во полето оглас за кој се пријавувате.

Оглас за вработување во EВН (2 извршители)

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Куманово, Група 2 – Служба за корисници, бараме 2 извршители за позицијата:

ЕЛЕКТРОМОНТЕР (М/Ж)

Опис на работните задачи

Отчитување на податоци од мерни уреди,
Контрола на приклучоци и мерни места,
Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа,
Замена на броила на корисници,
Водење на магацин за броила и евиденција на броила,
Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација поврзана со работните задолженија и работните задачи,
Помош при отстранување на дефекти во и надвор од работното време,
Поддршка на други групи и друг КЕЦ по потреба,
Откривање и пријавување на неправилности на електроенергетски објекти и мерни уреди,
Поддршка при обработка на одговори за претставки,барања, предлози од странки, корисници и потрошувачи,

Потребни квалификации и лични карактеристики

IV степен електротехничко образование – енергетика,
Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност,
Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност,
Одлично познавање на албански јазик
Возачка дозвола,
Одговорност, лојалност, тимска работа,
Комуникативност, флексибилност.

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs.evnelektrodistrubucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 15.01.2017.

Напомена:
Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

КАРИЕРА ВО ЕВН
www.evn.mk

Продолжува на наредната страна..........

Отворени се 125 работни места во НЕУРОМЕДИКА

Отворени се 125 работни места од повеќе области и тоа: доктори специјалисти, доктори општа пракса, менаџери, административен персонал, медицински сестри, медицински техничари, лаборанти, оператори и логистика. Деталите за огласот може да се погледнат во продолжение:

Медицински кадар:
Гинеколози - 2 извршители
Физијатри – 2 извршители
Специјалисти по Трудова медицина – 3 извршители
Специјалисти по Интерна медицина – 2 извршители
Педијатри - 2 извршители
Доктори на специјализација на хируршки гранки – 7 извршители
Доктори на специјализација на не-хируршки гранки - 6 извршители
Доктори општа пракса – 9 извршители
Медицински претставник – 1 извршител
Медицински сестри - 25 извршители
Инструментарки – 5 извршители
Лаборанти - 11 извршители
РТГ техничари – работно искуство со MRI и CT - 2 извршители

Административен кадар:
HR менаџер – со работно искуство во областа – 1 извршител
Менаџер за контрола и логистика – со работно искуство во областа - 1 извршител
Комерцијалист – 1 извршител
Администратор-операторки – 15 извршители
Лица за работа во административен оддел - 5 извршители

Помошен кадар и логистика:
Возачи - 4 извршители
Обезбедување – 8 извршители
Работници за во кафетерија – 2 извршители
Техничка служба - 3 извршители
Хаусмајстори – 2 извршители
Хигиеничарки – 5 извршители
Лице за одржување на систем за греење-ладење и вентилација – 1 извршител

Потребни квалификации на работните места:

1. Кандидатите за медицинските работни места - доктори специјалисти, доктори општа пракса, специјализанти, медицински сестри, инструментарки, РТГ техничари, лаборанти треба да имаат:
- соодветно медицинско образование за работната позиција за која аплицираат
- лиценца за работа за работната позиција за која аплицираат
- работно искуство согласно работна позиција за која аплицираат
- познавање на англиски јазик и работа со компјутери
- возачка дозвола Б

2. Кандидатите за административна работа треба да имаат
- високо образование согласно работната позиција за која аплицираат
- работно искуство во бараната област (за менаџерските работни позиции најмалку 3 години искуство во дејноста)
- познавање на англиски јазик и работа со компјутери
- возачка дозвола Б

3. Кандидатите за помошен кадар и логистика треба да имаат искуство во областа за работната позиција за која аплицираат
- ССС/ВСС
- работно искуство согласно работна позиција за која аплицираат
- возачка дозвола Б/Ц
- лиценца за работа (доколку е потребна за работната позиција)

Кандидатите потребно е да го достават своето CV, (кратка биографија на македонски јазик со фотографија) документи за завршено образование, потврда за работно искуство на: kariera@neuromedica.com.mk со назнака на позицијата, лично во просториите на Неуромедика или по пошта на адреса: ПЗУ Неуромедика, бул: Партизански одреди бр.42, 1000 Скопје, со назнака на позицијата за која се аплицира.

Активен до: 17.01.2017

Џевахир Груп вработува, нето-плата 22,650 денари

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ГРАДЕЖНА ФИРМА ЏЕВАХИР ГУРУП АД од Скопје има потреба од следното работно место:

1. Референт за сметководство -1 работно место

Кандидатите треба да ги исполнат следниве услови:
– да имаат предходно работно искуство, по можност во градежништвото (материјално и финансово).
– подготвување, асистенција и анализа на финансиски извештаи и завршни годишни сметки.
– основни познавања во доменот на даноците, работни односи, МПИН, банки, инсттуции.
– да поседува високо образовна диплома и соодветни уверенија / сертификати
– да има познавање на Англиски јазик, предност ќе имаат кандидатите кои го владеат и турскиот јазик.
– добри организациски способности
– флексибилност во работното време
– Кандидатите со препораки ќе бидат во предност

Услови за сите кандидати:
Основна плата-нето: од 22.650 денари
Работно време: 08:00 до 16:00 часот
Работни денови: Понеделник до Петок

Заинтересираните кандидати да достават СУ со фотографија на следнава емаил адреса: gurupmk@cevahir.com.tr Контакт тел: 02 32132 31/02 2444 018
Активен до: 15.01.2017