Утре од 9 часот без вода дел од еден булевар во Аеродром

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (вторник) поради промена на шибер Ф-80 мм во главна шахта на бул.Јане Сандански бр.83 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од булевар Јане Сандански од број 51 до број 109.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.