УХМР со детална временска: Какво ќе биде времето во ноември и декември?

Според досегашните анализи на времето, во првата седмица од ноември ќе има благо подпросечни среднодневни температури и потпросечни количини на врнежи. 

Врнежи од дожд се очекуваат во четврток, и тоа во ноќните часови, како и во петок, особено во северните и западните делови на земјата.

Најтопло ќе биде во четврток со температури од 14 до 21 степени. Веќе во петок ќе има пад на температурите, а за време на викендот кој следи температурата ќе бие во пораст. 

Во наредниот период се очекуваат температури над просекот, а ќе има и дожд и грмежи.

Од 14 до 20 ноември следи врнежлив период, а температурите ќе бидат за 1 до 3 степени повисоки од вообичаените за периодов.

Според деталната анализа на УХМР, и декември ќе биде потопол од просекот. 

Инаку, денеска не очекува променливо облачно време.