Временска прогноза до крајот на неделата

Денес е среда, 24 јануари 2018 година, 24-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:39, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 9 часа и 29 минути. 

Во овие утрински часови во крајните западни како и во источните и југоисточните предели имаме претежно ведро и студено време. Во останатите предели зголемена облачност која што условува претежно облачно време.

МАКЕДОНИЈА – Во среда уште едно студено утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -10 до -1 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и свежо време со максимални температури кои што ќе достигнат до -3 односно до 9 степени. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. 

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските и претпладневните часови умерено облачно време, попладне намалување на облачноста и ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и свежо време. Утринската температура од -3 степени, а максималната дневна до 4 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток и петок студено утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -12 до -3 односно од -10 до -2 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со благ пораст на дневните температури кои што ќе достигнат од -1 до 10 односно од 2 до 12 степени. Во сабота и недела зголемување на облачноста која што ќе услови пораст на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -8 до 2 односно од -8 до 0 степени, во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло време за овој период од годината со дневни температури кои што ќе достигнат од 0 до 9 односно од 3 до 12 степени. 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во четврток и петок во Скопје студено утро со утринска температура од -5 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со дневна температура до 5 односно до 7 степени. Во сабота и недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време. Утринската температура во пораст и ќе достигне до -1 односно од -3 степени, додека пак максималната дневна температура ќе достигне до 4 односно до 7 степени. 

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот на сите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и количеството на штетните честички на воздухот насекаде е во границите на дозволеното. 

Во изминатите 24 часа количество на штетни пм 10 честички во Скопје се движеа во границите од 123 до 70 микрограми на метар кубен (Миладиновци 123, Ректорат 118, Лисиче 108 микрограми на метар кубен, Гази Баба 107, Центар 92, Карпош 70 микрограми на метар кубен). Во останатите мерни места Битола 292, Тетово 128, Кочани 118 микрограми на метар кубен, Кавадарци 110, Куманово 86 и Кичево 73 микрограми на метар кубен. 

Weather4all.com.mk