Временска прогноза за наредните денови

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од осум до 17 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно, во раните утрински часови ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови ќе продолжи да дува умерен до засилен северозападен ветер. Потоа, до недела времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло. Ваквата временска состојба ќе предизвика интензивно топење на снежната покривка која повеќе ја има во планинските предели на западна Македонија.