Убави навики кои ќе ви ги сменат поспаните утра

За многу луѓе, утрата се најтешкиот дел од денот. Стануваме од спиење поспани, а треба да најдеме сила во себе за да го започнеме денот и да се подготвиме за сите нешта што не очекуваат.

Но, утрата не мораат да бидат такви. Потребно е да променеме само неколку мали навики за да си овозможиме убави утра, потоа и цел убав ден.

Туширајте се со убави мириси

Бидете внимателни околу изборот на гелот за туширање. Не мора да купувате скапи производи, ама купете некој производ чиј мирис навистина го обожавате. И, не брзајте никаде. Уживајте во тушот и обезбедете си утринско уживање кое ќе ве подготви за убав ден.

Поставете цели

Размислете што треба да направите во текот на денот, но и што би сакале почесто да направите. Потрудете се да го структурирате денот и да почнете со структурирани мисли. Можете тоа да го запишете на хартија или пак да го запаметите. Доволно е да се потсетите што ви е важно во текот на денот.

Уживајте во тишината

Утрата се убави бидејќи се тивки. Дајте си малку време и седете во тишина. Потрудете се да постигнете зен состојба и така да го започнете напорниот ден. Не проверувајте меил, не пуштајте телевизија, не се замарајте со лошите и непријатни вести. Само барем неколку минути.

Истегнете се

Истегнете се убаво и помогнете му на кислородот да стигне до вашиот мозок. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате и потопло во студените денови кои доаѓаат, но и ќе ве раздвижи и ќе ви го разбистри умот.

Посакајте некому добро утро

Без оглед на тоа дали е вашата сакана личност, вашите родители или пријатели, посакајте некому добро утро. Тоа нема да ви одземе повеќе од 2 минути, а ним ќе им даде причина за насмевка.