Уапсен скопјанец кој организирал семејна веселба и пукал со пиштол

На 05.04.2021 околу 19 часот во с.Матка, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(51) од с.Матка. Кај него при преглед бил пронајден пиштол „берета“ калибар 9 мм, а според пријавеното пукал со пиштолот и организирал семејна веселба во својот двор, спротивно на прописите за заштита од ковид-19.

По претходна пријава, во дворот од неговата куќа полициски службеници извршиле контрола, при што биле затекнати двајца музичари и поставени маси.

Поради сомнение дека постапиле спротивно на препораките за заштита од ковид-19 од слобода биле лишени и Е.С.(22), од с.Матка, И.Ј.(56) од с.Камењане, тетовско, Ш.Р.(52) од Скопје и Ф.А.(28) од с.Србиново, гостиварско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.