[Tвитер Видео] Тетово под вода, невреме со силен дожд и град го зафати градот

Невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град попладнево го зафати Тетово.

Според инормациите од терен, улиците се полни со вода.

Сообраќаен метеж е забележан после патарината на патот од Тетово кон Скопје, кај назводникот, бидејќи има многу вода на патот и се вози исклучително бавно.

Командирот на Територијалната противпожарна единица во Тетово бара да биде исклучена струјата во целиот град по невремето.

Според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На телефонскиот број 112 стигнале неколку пријави од граѓани за поплавени подруми.Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН.