Приказна без крај, повторно одложено судењето за Веаповска

Повторно одложен е судскиот процес за родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без јајник, матка и бубрег, а причината е што супервештачењето со кое ќе се утврдува дали има или не вина кај лекарите од струшката болница се уште не е готово. 

Веапоска вели дека чекајќи ја правдата е веќе исцрпена физичики, психички и финансиски. 

„Јас ја барам само вистината и барам да се најде правдата. Многу долго време одам по судови и многу долго време ја барам правдата. Колку бебиња треба да умрат и колку родилки треба да останат како мене половина човек за да се дојде до правдата. Колку години треба да помине за судот да донесе одлука“ рече Веаповска