Невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град попладнево го зафати Тетово.
Според инормациите од терен, улиците се полни со вода.
Сообраќаен метеж е забележан после патарината на патот од Тетово кон Скопје, кај назводникот, бидејќи има многу вода на патот и се вози исклучително бавно.
Од лице место патарина на Тетово кон Скопје, не јас имам луѓе на сите страни pic.twitter.com/dQNFivaUcN
— Marija (@mara00914095) June 23, 2024
Командирот на Територијалната противпожарна единица во Тетово бара да биде исклучена струјата во целиот град по невремето.
Според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
На телефонскиот број 112 стигнале неколку пријави од граѓани за поплавени подруми.Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН.
Tetovo na vodi pic.twitter.com/s9BieeWZUz
— druže (@rmcfmk) June 23, 2024