Трка на дедомразовци во Скопје

Во центарот на  Скопје утре ќе се одржи  дедомразовска трка како дел од празничната новогодишна програма на главниот град. На трката ќе учествуваат лица од различна возраст облечени како Дедо Мраз, а должината на патеката за трка е два километра.

Стартот ќе биде од паркот Жена Борец, во 12 часот.

Програма
10 - 11 ч. Издавање на стартни броеви и костуми
10 - 14 ч. Забавна програма за учесниците и публиката
11 ч. Загревање за трката
12 ч. Старт на трката
13 ч. Прогласување на победниците 

Награден Фонд
Најдобрите тројца во машка и женска категорија освојуваат медали и подароци.