Несекојдневна слика: 300 дедомразовци на улица во центарот на Скопје (фото)

Денес градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски присуствуваше на Дедо Мразовска трка, чии старт и цел беа ба плоштадот „Македонија“.

Дедомразовците во втората трка од овој вид, трчаа на траса долга 1,5 километри, каде стартуваа од Плоштадот „Македонија“, низ „Порта Македонија“, до Градската полница, по улица “Филип Втори” до кејот на Реката Вардар (од страната на зградата на МНР), со плоштадот „Филип Втори“, преку Камениот Мост, до целта повторно на плоштадот „Македонија“.

На овогодинешната трка учество зедоа повеќе од 300 учесници, кои трчаа во целосен дедомразовски костум.Дедомразовската трка се одржува по втор пат во Скопје и слична ваква трка се одржува во голем број на светски метрополи.Оваа трка е дел од богатата Ново годишна програма на Град Скопје, а трката е организирана од страна на „Пивара-Скопје“.