Трик со кој можете да пресметате колку ви е стара кожата!

Продавниците се полни со креми, лосиони и напитоци кои тврдат дека го стопираат стареењето на кожата. За жал, ниту една крема не може да го врати времето назад, но овој трик може да открие колку ви е стара кожата.

Како што старееме, толку повеќе нашата кожа ја губи својата еластичност и има погруб изгглед. Ова особено важи кога ќе влеземе во 40-тите и тогаш промената е и повеќе од очигледна.

Според докторката Алексис Абрансон, постои едноставен тест кој ќе ви открие колку е всушност стара вашата кожа.

Таа вели: „Многу е лесно да ја тестирате еластичноста на кожата, само треба да ја стиснете кожата и така да држите 5 секунди. Ќе забележите колку ви е остарена кожата по тоа колку време и треба да се врати во нормала.“

А еве како и да пресметате:

1-2 секунди

Ако кожата ви се врати во нормала за 1-2 секунди, функционалната старост на вашата кожа е под 30 години.

3-4 секунди

Функционалната старост на вашата кожа е 30-44 години.

5-9 секунди

Функционалната старост на вашата кожа е 45-50 години.

10-15 секунди

Функционалната старост на вашата кожа е 60 години.

Ако на вашата кожа и треба подолго време од 15 секунди за да се врати во нормала, тоа значи дека нејзината функционална старост е 70 години или повеќе.