Триаголници со ресана, брусница и лешник

 

Состојки:

50гр путер

40гр црно чоколадо

1 лажица шеќер

40мл сок од свежо цеден портокал

30мл млеко

1 лажица слатка павлака, нематена

120гр сецкана ресана

100гр мелени бисквити

2-3 лажици мелен орев

30гр сецкана брусница

30гр сецкан лешник

глазура

80гр чоколадо

2 лажици масло

шарени чоко трошки

Подготовка:

Во касерола на тивок оган се ставаат путерот, чоколадото, шеќерот, млекото и сокот од портокал да се соединат, односно нека провријаат само 1-2 минути.

Се трга од оган и се додава слатката павлака.

Се промешува неколку пати за да се излади.

Сега се додаваат брусницата, лешникот, оревите, бисквитите и јафа кексот.

Се соединува убаво.

Триаголен лимен калап се обложува со фолија и се полни со подготвената смеса.

Убаво се израмнува и се остава неколку часа да се стегни.

Се вади од калапот се прелева со растопено чоколадо, посипуваме чоко трошки. Потоа се сече на парчиња.

Може смесата да се стави во било каков калап за да се стегни (куглоф, правоаголна тава...)