Торнадото во Чешка и невремето во Стајковци имаат многу сличности, тврди синоптичарот Секирарски

Сите се сеќаваме на ужасното невреме од 2016, кога Стајковци целосно се поплави, а имаше и загинати лица. 

На таа тема утрово во „Утрински брифинг“ зборуваше и синоптичарот Борис Секирарски. Според него, природата на неодамнешното торнадо во Чешка и невремето во Стајковци е доста слична, со оглед на тоа што се работи за целосно копнени земји. 

„За среќа ветерот понекогаш остана на поголема височина и не се спушта долу до тлото. Во Чешка, тој вртлог се спушти сосема и буквално шеташе по населено место и направи таква штета. Во Стајковци, интензитетот на таа суперклетка особено голем, ја донесе штетата, што резултираше со човечки жртви. Бројот на торнада е голем и во Европа, особено Чешка и Романија ги имаат често“, вели Секирарски, додавајќи дека Балканот и нашето подрачје остануваaат како заштитена област, иако недостасува бројот на извештаи за торнада.