Мало торнадо направи голема штета во едно од омилените туристички места во Грција

Мало, но разорно торнадо ја погоди Неа Мудања, една од омилените дестинации на Македонците во Грција.

Се работи за туристичко место на Халкидики, кое поради близината е чест избор на туристите кои не сакаат и не можат да патуваат подолго. 

Малиот вртлог сепак предизвика огромна штета на плажите во Неа Мудања, а особено бил погоден еден „бич бар“, каде има и повредени неколку лица. 

Засега туристите се евакуирани од таа област, но според експертите, засега нема ризик од повторување на вакво движење на воздушната маса. 

Вителот се формирал без предупредување и беснеел покрај плажата, уништувајќи еден бар на плажата, расфрлајќи лежалки, чадори и уништувајќи ги мобилните тоалети.