Историјата говори дека работниците никогаш не биле ставени на толку висок пиедестал како во времето на Тито. Тогаш никој не прашувал за националност, материјален статус и сл. туку луѓето биле ценети според своите карактерни особини и способности. Ова стои во статијата објавена на порталот novi.ba.
Способните луѓе лесно доаѓале до подобра позиција, по докажувањето дека се способни да завршат една работа, но и да и бидат лојални на организацијата.
Вработените добивале бонови за топол оброк, па се хранеле во мензите и рестораните на работа. Работното време било од 7 до 15, а викендите биле неработни. Имале многу денови за годишен одмор, а тој често бил во одморалиштата и во организација на синдикатите. Можело да се плаќа на рати, па таквите одмори биле нормална работа. Без поголеми проблеми, можеле да се користат неплатени отсуства, боледувања, а систематските прегледи биле задолжителни и спроведувани во сите претпријатија. Често кога би се случил смртен случај, работник имал право на бесплатен погреб. Ако смртта се случила во текот на работниот век, била пружана финансиска помош, а и се вработувал еден од семејството на починатиот.
Дали навистина било многу подобро за време на Тито? Новите генерации никогаш нема да го знаат тоа.