Tom Odell доаѓа во Скопје

Авалон, со задоволство ви го најавува првото светско име за 2019-та година- суперквалитетниот TOM ODELL  доаѓа во Скопје, на 13- ти февруари 2019 година во СРЦ Кале.


Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната „Another Love“, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“ што излегува на 12 октомври, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу.

Сме имале можност да го гледаме ТOM ODELL во живо на некои регионални фестивали и тоа е перформанс кој едноставно не смее да се пропушти!

Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени утревечер во 21 часот.