Тешко повреден малолетник, паднал од мотор „Хамачи“

Малолетник е тешко повреден откако паднал од мотор што го управувал. 

Синоќа во 21.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ кај крстосница со ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, малолетник од Кичево кој управувал мотор „хамачи“ паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.