Малолетник од Чифлик бил тешко повреден

Вчера, Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје пријави во СВР Скопје дека кај нив бил донесен малолетник од село Чифлик со тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Според информациите, околу 12:30 часот пред основното училиште во село Чифлик, по расправија на социјална мрежа, малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетници кои користеле тврд предмет.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.