Млад возач прегази малолетник во Битола

Млад возач прегази малолетен пешак во Битола. 

Како што соопштија од полицијата, вчера во 16.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, патничко моторно возило марка „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.З.(19) од Битола, удрило во малолетен пешак од Битола. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.