Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талевски, во специјално дизајнирани патики, ќе ги игра натпреварите на Светското првенство кое вечерва ќе започне во Данска и Германија.

Талески неодамна стана татко. Веста за раѓањето на ќерката Софиа ја сподели преку фотографија на социјалните мрежи, откако објави слика од патиките со кои ќе игра на ова Светско првенство, а на кои стои нејзиното име.