Студентите од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се жалат дека веќе трет ден немаат топла вода

Не запираат проблемите на студентите, со кои секојдневно се соочуваат во студентските домови. Овој пат се жалат студентите од Студентскиот дом "Гоце Делчев" во Скопје, дека веќе три дена немаат топла вода. 

Иако се жалеле, никој не им излегол во пресрет за да ги извести кога овој проблем ќе биде решен и кога ќе имаат нормални услови за живеење. 

„Топлата вода за нас студентите сместени во „реновираниот“ дом претставува луксуз. Во разговор со мајсторите во домот, бидејки управникот не смее да зборува исплашен од својата позиција, разбравме дека се работи за дефект од 800 денари (да, 800 денари) кои студентскиот нема да ги плати и заради тоа студентите веќе трет ден се оставени на цедило“, не информираше жител на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, вели студенти за РадиоМоф