Проф.Трајковски до студентите: Видам ли во индекс друго име освен Македонија во старт имате една оценка пониска

Професорот на Филозофски факултет др. Владимир Трајковски во објава на Фејсбук им се обраќа на неговите студенти околку користењето на името Македонија. Тој вели дека сите што се родени од 1991 година па навака треба да си го користат името Македонија и додава дека ако види на првата страница на индексот друго име освен Македонија студентите кај него од старт ќе имаат една оценка пониска.

- “Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучително само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам. Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни. Ви укажувам на прва страница на индекс таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско. Или можеби грешам ние имаме пет годишни деца на студии, откога некои политиканти на сила и со манипулации го прифатија пежоративното име. Берете ум во глава!“ напиша Трајковски