„Не нѐ бркајте од државата“ - им порачаа студентите на властите

Студенитите во земјава вчера излегоа на протест пред Министерството за образование и наука и упатија порака до властите. 

„Не нѐ бркајте од државата“ - порачаа младите кои излегоа во голем број да ги побараат своите права. 

Иако вчера добија исплата на стипендиите, тие порачаа дека потребна е поголема ангажираност од надлежните околу правата на оваа категорија на граѓаните, околу исплатата на стипендиите и средствата за превоз, како и поголема комуникација.