Столтенберг од Скопје: Го поздравувам договорот помеѓу Израел и Хамас

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Скопје го поздрави привремениот договор за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел.

Овој договор, како што рече Столтенберг, ќе придонесе за ослободување дел од заложниците од двете страни, како и пристигнување хуманитарната помош.

Пред почетокот на неформалниот состанок на лидерите на НАТО во Скопје, Столтенберг се заблагодари за посвестеноста и придонесот на Северна Македонија во алијансата. Рече дека Северна Македонија манифестира успех на повеќе начини, меѓу кои и тоа што е мултиетничка држава, покажувајќи им на регионот и светот дека луѓето од разни националности може да живеат заедно во мир.

На состанокот присуствуваат и лидерите од регионот.