Кој е новиот генерален секретар на Владата?

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата. На оваа позиција тој бил именуван на денешната владина седница.

Јанушев е дипломиран правник. Дипломирал на Правен факултет „Јустинијан I“ – Скопје, насока правни студии, каде што подоцна продолжил со постдипломски студии на меѓународно право и меѓународни односи.

"Денеска бев именуван за  генерален секретар на Владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски.
Се заблагодарувам за искажаната доверба и верувам дека ќе работиме исклучиво во интерес на граѓаните!
Ќе работиме чесно и достоинствено за народот", објави Јанушев на Фејсбук.