Стево Пендаровски со сопругата Елизабета на прием кај Џо и Џил Бајден во Њујорк

Претседателот Стево Пендаровски се наоѓа во Њујорк на отворањето на генералната дебата на 78. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Според агендата, превидено е Пендаровски да се обрати на генералната дебата во петок, 22 септември 2023 година.

Претходно македонскиот претседател Пендаровски се обрати на самитот посветен на исполнувањето на Целите за одржлив развој, оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, како и кратки средби со австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, премиерот на Шведска Улф Кристерсон и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен.

Денеска тој се обрати на македонската јавност преку својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека бил срдечно примен од претседателот на САД, Џо Бајден.

- Со претседателот на САД Џо и првата дама Џил Бајден. Прием организиран од американскиот претседател за шефовите на држави во рамки на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, напиша тој.