Доаѓа студен бран: Проверете какво време не очекува во првата половина од мај

Најновото ажурирање на прогностичките модели укажуваат на тоа дека за првомајските, како и за Велигденските празници во Македонија ќе имаме многу нестабилно време, на повеќе места со појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста  и за локално поинтензивни атмосферски процеси, во вид на невреме, пишува метеорологот Славчо Попоски во најновата временска прогноза.

„Уживајте во ова пролетно и стабилно време уште овие неколку денови, веќе од среда 1.5.2024 влегуваме во подолг период на многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи, а ќе растат условите и за локална појава на невреме, уште од сега најавуваме дека во првата декада од мај месец би можело да се вратиме на температури кои би биле значително под просекот за првата декада од месец мај (значи значително поладно време, пишува Попоски.

Дека доаѓа постуден нов влажен и постуден бран, најави и српскиот метеоролог Марко Чубрило.

„Следните три дена не очекува стабилно и топло време, а од 1 мај атмосферата ќе биде дестабилизирана со грмежи и локално невреме кое ќе трае до 13 мај“, вели Чубрило, а пренесуваат српските медиуми.

Од 01.05. започнува нарушувањето на антициклонот, но на овој ден веројатно ќе се задржи суво време над поголемиот дел од регионот. Но, попладне и навечер над јужните, југозападните, западните и поретко северозападните делови од регионот, нестабилно со грмежи кои на места може да бидат многу силни, пропратени со град и засилен ветер. Дневниот максимум на 1 мај и понатаму ќе биде висок, особено на север каде и понатаму ќе биде околу 25 Целзиусови степени, додека на југозапад ќе биде малку посвежо“, истакна Чубрило.