(Видео) Новите полицајци ги собраа симпатиите - Ја запеаа „Бисер Балкански“

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени. 

Новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката  беа поздравени од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а тие му возвратија со поздравна песна - легендарната „Бисер Балкански“.

Видеото наиде на голем поздрав и воодушевување на социјалните мрежи! 

- Вака се сака и брани Македонија, коментираат граѓаните!