Меџити: Во кабинетот на Пендаровски се преговараше за амнестија на Груевски

Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се преговарало за амнестија на поранешниот премиер Никола Груевски на 9-ти мај – Денот кога се слави победата над фашизмот и Денот на Европа, тврди поранешниот потпретседател на ДУИ и градоначалник на Чаир Изет Меџити, кој по разидувањето со „интегративците“ формираше нова партија – Демократско движење.

– Не е точно дека некој од опозицијата побарал од Пендаровски да го помилува Груевски, тоа го направиле владејачките партии. Не треба многу тоа да го потврди претседателот на државата. Беше на Денот на Европа во неговиот кабинет. Така што не зборуваме на памет – рече Меџити во синоќешното гостување на ТВ Клан.