Србија ги замрзна цените на основните прехранбени продукти

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за ограничување на висината на цените на основните прехранбени намирници.

Станува збор за шеќер, брашно тип 400, сончогледово масло, свинско месо и млеко со 2,8% млечна маст, а одлучено е овие намирници да не поскапат од цената којашто е донесена на 15 ноември 2021 година.

Како што се наведува, ценовното ограничување е поставено со цел да се отстранат штетните последици од инфлацијата и да се спречат нарушувања на пазарот.

Оваа одлука нема да се однесува на намалени цени како сезонски попусти или специјални распродажби, туку на редовни т.е цени пред попусти.

Одлуката ќе се применува за период од 60 дена, а предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.