Хаос на Табановце, километарски колони на возила чекаат за влез во Србија

Километарски колони на возила чекаат на граничниот премин Табановце за влез во Србија. Граѓаните велат дека се чека и по повеќе од еден час. На фотографиите се гледа дека сите ленти на овој граничен премин се исполнети со возила.

Од она што може да се претпостави ваквата ситуација е резултат на тоа дека ова е претпоследен викенд каде нашите граѓани ќе можат да ја поминат границата со старите документи. Олеснителна околност е што ние имаме потпишано договор со Република Србија каде во таа земја може да се патува и со лична карта, секако за оние кои ја имаат сменето.

Како што е познато 12 февруари е последниот рок каде граѓаните кои немаат документи со новото уставно име, нема да може да излезат од државата.