Партијата на Вучиќ прогласи победа на изборите во соседна Србија

Српската народна странка пргласи пробеда на парламентарните избори кои се одржаа во Србија. На прес конференција, Ана Брнабиќ информираше дека СНС има нешто помалку од 50 отсто од гласовите.

„Според 50 проценти преброени гласови , нашата листа, Србија не смее да запре, на примерок од 50 порценти има 47,1 процент добиени гласови. Ќе имаме повеќе од 125 мандати со Собранието. Србија против насилство има 23 проценти од гласовите“, рече Брнабиќ.

Што се однесува на Белград, Бранбиќ реше дека првите резултати допрва почнуваат да доаѓаат.

Место во парламентот има и за Ивица Дачиќ кој според првичните резултати има 6,4 проценти од гласовите.

Таа ја обвини опозицијата за кршење на изборниот молк како и за пласирани лаги за неправилности во текот на изборниот ден.

И според резултатите што ги објави Државната изборна комисија на Србија, партијата на Вучиќ има апсолутно мнозинство на парламентарните избори, и освоила 47,24 отсто од гласови врз основа на обработени 7.561 од 8.273 избирачки места.

Следи листата „Србија против насилството“ која освоила 22,86 отсто од гласовите, потоа Социјалистичката партија на Србија – 6,67, додека на изборната листа „Надеж за Србија“ има 4,94 отсто. Следна листа е „Ние – гласот на народот – Бранимир Несторовиќ“ со 4,63 отсто.