Справете се со минусни температури: Носете облека во слоеви, пијте топли напитоци и не излегувајте без причина

Прво и најважно е што граѓаните не би требало да конзумираат алкохол, и дека потенката облека во слоеви е потопла од дебели работи.

Меѓу советите кои можат и тоа како да помогнат кога температурите длабоко ќе навлезат во минусот, е и објаснувањето дека алкохолот ги шири крвните садови и само дава впечаток дека ви е потопло, а поради зголемената периферна циркулација, ладната крв од рацете и нозете попрво ќе го оладат целото тело, па смрзнувањето ќе настапи многу порано, отколку кога не сте пиеле алкохол.

Не треба да се тријат замрзнатите раце и нозе во снегот, да се ставаат во топла вода, на жешко место, бидејќи во спротивно ќе дојде до оштетување на кожата.

Потребно е да се соблече мократа и ладна облека и ракавиците и да се облечете во нешто суво, и да пиете топли и зашеќерени напитоци.

Што се однесува на облекувањето, лекарите советуваат да облекувате облека во слоеви, бидејќи така повеќе ќе се затоплите отколку кога ќе облечете еден дебел џемпрер на пример. Облеката не треба да стега бидејќи така ќе застане циркулацијата на крвта и ќе дојде до подмрзнување.

Надворешниот дел од облеката треба да биде од материјал кој не пропушта ветар и влага, а идеално е тоа да биде некој материјал кој ќе му овозможи на телото да дише, влагата од телото се филтрира од надвор, при што надворешниот дел спречува влагата да продре внатре.

Јакната треба да е затворена околу вратот, колковите и на рацете за топлиот воздух да не излегува, а капа треба да се носи и таа треба да ги покрива ушите (макар горниот дел).

Не треба да се стои директно на ветар, гледајте некако да најдете место каде нема да се на промаја. Ако тоа не може да се избегне свртете го грбот кон ветарот, а не градите и лицето, а рацете во џебовите.

Темпото на движење низ снегот не треба да биде брзо за да не се испотите, но ни премногу спор за да не се оладите.

Носете со вас нешто благо, чоколатце, суво грозје, па ако е можно и трмос со сладок пијалок, имајте со вас и запалка, бидејќи тоа може да ја крене температурата за неколку степени, кои најчесто одлучуваат во борбата за живот.

Ако сте некаде заробени во снежна бура, не треба да дозволите да паднете во сон, а добро е да се има и фолија од пластичен материјал, кои служат за задржување на топлината.

На пат задолжително да носите зимска опрема, и секако храна и ќебиња.