“Син ми, мора да има брендирани патики и ранец за во училиште ”

-Мамо зошто јас немам “најк” патики како Никола, кои светкаат кога ќе одиш. Знаеш и Марко има такви, а Дарио исто има едни други многу убави, велат дека се многу скапи. Јас ги носам оние од бато. Знаеш ли дека моите не се никаква позната марка? Така ми кажаа другарите од училиште. Ќе ми купиш ли и на мене такви, со такво знакче?- Ова ми го кажа син ми, некој ден пред завршување на учебната година...

Во минатото се знаело. Ќе не изнесат еден ден пред први септември, ќе ни купат патики, се знаеше оние кои нема да бидат многу скапи, може да бидат и од тезга на пазар, ќе добиеме наједноставен ранец, и ние сме среќни, спремни за на училиште. Тогаш речиси и никој од децата да не знаеше дека постои некаква посебна марка на патики или ранец.

Дури и ако имате пари, размислете има ли смисла на своите деца да купувате брендирана облека. Притоа, училиштата се повеќе личат на модни писти отколку на образовни институции. Кој е за тоа виновен?

Со години многу експерти јавно коментираат дека денешната младина има пореметен систем на вредности. Работите ги материјализираат, а во прилог на тоа е и фактот дека денес децата на училиште се натпреваруваат во тоа кој има подобар телефон и поскапи патики. Некои училишта дури повеќе личат на модни писти, отколку на образовни институции благодарение на родителите кои на своите деца уште од мали нозе им купуваат брендирана облека, која децата едвај чекаат да ја покажат на своите другари. Еве што велат психолозите за оваа тема:

  • Претпоставувам дека на родителите кои купуваат таква облека на своите деца многу им е важно да и самите тие носат таква облека од познати брендови, па тоа го пренесуваат и на своите деца. Тоа можеби е нивен начин на претставување на самите себе во подобро светло во ниваната социјална средина или начин да го докажат својот финансиски статус и престиж. За жал, многу често својата личност почнуваат да ја вреднуваат врз основа на банкарската сметка – објаснуваат психолозите.

Доколку родителот не инсистира на бренд туку акцент става на квалитетот, односно ако се купува само неоходна облека или обувки, тогаш и децата ќе бидат малку позрели при купување, пред се ќе ја гледаат корисноста на производот. Меѓутоа пак ако нешто се купува само поради познат бренд, тогаш тоа е потреба и желба на родителите да се покажат пред семејството и пријателите .

  • Таквите личности воглавно и другите ги вреднуваат врз основа на финансискиот статус и облеката која ја носат. Истите вредности ги усвојува и нивното дете, кое потоа има тенденција во опкружувањето на своите врсници да тежи да остави впечаток дека е подобро од нив. Исто така врз основа на облеката ја проценува и својата лична вредност, па ако не носите брендирана облека тогаш се чувствува дека вреди повеќе како личност и обратно – објаснуваат психолозите.

Децата учете ги да обрнат внимание на самоспонтаност во комуникацијата кога се во друштво и да имаат тенденција да бидат фер кон другите. Тоа се универзални вредности кои со текот на времето, како децата ќе стануваат позрели, ќе бидат повеќе ценети отколку брендот што го носат на себе.

А дали на Вас додека купувате облека за децата ви е поважен квалитетот или име на брендот.