Кечапот и мајонезот заминуваат во минатото со овој сос од домати, совршен за со месо или тестенини.

СОСТОЈКИ:

15 шери домати 

1 лук 

20 гр. младо кромитче 

1 лажиче вегета 

1 лажиче балсамико оцет 

1 лажиче доматно пире 

1 лажиче маслиново масло 

сол и бибер

ПОДГОТОВКА:

Се мијат доматите, се ставаат во блендер со  излупените лук и млад кромид. 

Се додаваат и сите други состојки и се блендира да се добие паста. 

Се ставаат сол и бибер и се служи со ручекот