Со говорот „Зошто „не“ за уставни измени“ младата Лина наградена на Ораторската вечер „Иво Пухан“

Младата Лина Рангелова, студентка во прва година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ го освои второ место на традиционалната Ораторска вечер „Иво Пухан“ на Правниот факултет при УКИМ.

Нејзиниот говор е на тема „Зошто „не“ за уставни измени“.

- Благодарност до сите кои ме поддржаа, како и до многубројното жири од професори меѓу кои имаше и професори од Србија и Хрватска. Комплиментите коишто ги добив од нив особено ми значат и ми се посебен поттик, порача младата Лина. 

Како звучеше нејзиниот моќен говор поткрепен со аргументи слушнете во продолжение: