Николоски: Како што го издигнавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја издигнеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски, напиша на својот фејсбук-профил Александар Николоски.

Тој додаде „да се биде дел од тимот во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата“ и рече:

„Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија! Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи. За Македонија“, заврши Николоски.