Слатки појадоци за витка линија

Летото е на прагот, а голем дел од нас се обидуваат во периодот да се посветат на својата линија. За среќа, летото носи многу состојки со кои можеме да подготвиме супер појадок и да го избегнеме вишокот килограми.

Ѓумбир и круши

Во блендер измиксирајте 1 круша (исечена на кришки), половина шолја јогурт и 1 лажица рендан ѓумбир. Ако е потребно, засладете со мед.

Краставица, авокадо и нане

Во блендер ставете ½ авокадо, ½ краставица, малку нане и 1 шолја јогурт. Измиксирајте убаво.

Малини, банана и какао

Bo блендер измешајте две шолји малини, 1 банана, пола шолја јогурт и 2 лажици какао.

Банана и кафе

Во блендер ставете две банани, пола шолја млеко со ниска масленост и шолја црно кафе. Додадете мед и 2 коцки мраз.

Јаболки, ананас и нане

Ова смути е одлично за после тренинг. Исечете ги јаболките и ананасот  на кришки и ставете ги во блендер, додавајќи малку нане.

cheap nike air max 90