Ваквиот појадок ќе ви помогне да одржите нормална тежина

Иако е многу важно што јадете, сепак кога јадете е особено важно за одржување на нормална телесна тежина. Иако постојано сме нападнати со тоа што треба да појадуваме, ручаме и вечераме, едно од неодамнешните истражувања покажува дека всушност поголемо внимание треба да обрнеме на тоа кога јадеме.

Истражувањето кое во тек на 7 години опфатило 50 000 испитаници покажува дека богатиот појадок помага во јадење на помали оброци во текот на денот, а со тоа и придонесува за регулирање, па дури и намалување на телесната тежина кај оние кои претходно не го применувале ваквото правило. Според резултатите, добриот и обемен појадок го поттикнува варењето и метаболизмот за почеток на денот, што значи дека го разработува телото за оброците кои следат подоцна.

Други истражувања ги дополнуваат заклучоците од ова истражување, истканувајќи дека времето на појадување е особено важно за интерниот телесен часовник. Во едно истражување во кое биле вклучени животни на кои им била давана храна во текот на нивното спиење, тоа резултирало со воспаленија, повисока телесна тежина. Сепак, иако недостасуваат поголем број истражувања во оваа област кај луѓето, нутриционистите го истакнуваат познатото златно правило „Појадувајте како крал, ручајте како принц, а вечерајте како просјак“.

new nike air max 2019