Скопско семејство со пет деца: Трката по кариера и пари не се изговор за повеќе деца во домот

Да се усогласи работата на високи позиции и мајчинството како што велат научниците е невозможно.

Истражувачи заклучиле дека успешните деловни жени имаат обично по едно дете,со него проаѓаат малку време и поради тоа се доста загрижени.

Борбата помеѓу половите за постигнување успех е веќе завршена,а жените својот данок го плаќаат со изборот на живот. Така што после 30.година на жените им се намалува платата во однос на машките колеги. Причината лежи во тоа што повеќето жени,посветени на кариерата, во тоа време на својот живот се одлучуваат за брак, родителство.

Британски истражувачи заклучиле и тоа дека законите не си ги постигнале своите цели, затоа што,  иако жените се повеќе се на високи функции, тие поради тоа драстично повеќе се жртвуваат споредуваќи се со мажите.

Вака е во пракса, но скопското семејство Кирилови, го велат токму спротивното. Станува збор за повеќедетно семејство и тоа со пет деца, па така нивното потесно семејство денеска брои 7 члена.

Бисера и Драган се земале млади. Веднаш ја добиле ќеркичката Бојана. За кратко време, Бојана добила и сестричка Матеа. Со желба за машко дете и братче, Бисера повторно останала бремена. Се родил Лука. После пет години, по раѓањето на својот син, Бисера повторно останува бремена. Бременост која не била во план. Во разговор со својот сопруг, се одлучиле таа да абортира. Кога отишла на преглед, дознала дека носи близнаци. Веста ја соопштила на најблиските и никој повеќе не ја поддржал во идејата за да абортира. После девет месеци на свет ги донела Мартина и Мартин. Денеска тие се едно големо, среќно семејство.

-Нема ништо поубаво од детски глас, детска смеа. Исполнет дом со многу дечиња. Секое на своја страна. Тешко е, не велиме не. Работиме и јас и сопругот. Две плати, но многу е тешко за излегување на крај. Но, имаме помош од родителите. И од моите и од неговите. И за чување и финансиски. Среќни сме, не се жалиме. Горди родители сме, раскажува мајката Бисера.

Велат - скромните примање не се изговор за поголемо семејство, најважно е да има љубов и разбирање.

-Не е лошо да си татко на пет деца, има повеќе обврски, но супер е. Прво кога ќе си отидам дома прашувам како се децата, потоа ручаме, а за спиење, сите различни се, цртани обавезно гледаат,  раскажува татко.

Семејството Кирилови од Скопје се само еден пример дека трката по кариера и пари не се изговор за повеќе деца во домот. Социјалната бариера го намали наталитетот во земјава, но, потомството е најголемото богатство.