Си ја исчисти кофата и четката за кречење во Охридско Езеро и замина...

Нов пример дека го уништуваме тоа што го имаме и е од непроценливо богатство. 

Имено, на социјалните мрежи Александар Донев сподели еден неубав пример како се загадува Охридското Езеро. 

-Си ја исчисти кофата и четката за кречење во Охридско Езеро и кога го прашав дали воопшто е свесен што прави, си ја наведна главата и си влезе во Хотел Бисер, каде што најверојатно кречат/реновираат, сподели Донев. 

-Не знам ни зашто постувам кога знам дека џабе е веќе се…само не знам од каде е она дека стално некој друг ни е крив, констатира тој.