„Педантен“ народ: Пластична канта за ѓубре на дното на Охридско езеро (Фото)

На фејсбук групата „Не биди ѓубре“ беше објавена фотографија од пластична канта за ѓубре која била пронајдена на дното на Охридското езеро.

-Педантен народ. Пластична канта за ѓубре на езерското дно, пишува во статусот.

Ова предизвика голем број реакции кај граѓаните, кои бараат казни за несовесните луѓе кои фрлаат ѓубре и ја загадуваат природата.